Генерално, депресијата е најраспространета болест на нашето време. Само поради фактот дека не е смртоносна и се одвива прикриено, може лесно да се прикрие, па заради тоа не го загрижува општеството. Каде спаѓаат сегашните и идните невработени лица? Несомнено, со растот на индивидуалниот егоизам и неговото преминување во интегрален егоизам, т.е. манифестирана зависност на секој од секого, депресијата ќе расте и ќе добие односно веќе добива форма на епидемија.Целото истажување на АУРА хелв кеар можете да го погледнете тука.
Сте се запрашале ли некогаш колкав процент од младите кои активно живеат на територијата на нашата земја страдаат од депресија..? Дали нашиот здравствен систем знае да се справи со ваквиот предизвик, или едноставно оставени се сами да се справат со тежината на оваа ментална состојба..? Имаат ли можност отворено да раскажат за неа, за нивните чувства или секојдневно ја потиснуваат во себе..? БЕЗ БРОЈ други прашања не мачат.. Но со цел да ја подигнеме свеста за менталното здравје кај младите ја спроведовме следнава анкета “Тест за проценка на степенот на анксиозност и депресија меѓу младите во Р. Македонија” и притоа, дојдовме до следниот заклучок: дури, 86% од испитаниците имаат секојдневни проблеми со расположение, чувство на тага, незадоволство, безволност, намалeн апетит, несоница итн. Целото истажување на АУРА хелв кеар можете да го погледнете тука.