Времето денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност и со појава на краткотраен локален дожд, особено на северот.
Максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во петок и сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер.
Во недела и понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни понекаде во форма на невреме и со појава на град, а врнежите ќе се пообилни.
Од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.