Магазин 18. јули 2019. / 09:10

Денеска сончево време – еве што не очекува за викендот

Денеска сончево време – еве што не очекува за викендот

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне 33 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Во наредните денови следува период на потопло време со пораст на дневните температури.

Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.