Синоптичарите велат дека денес не очекува сончево време со мала до умерена облачност, попладне особено во планинските региони ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени целзиусови.
Во главниот град се очекува слично време, односно сонце со мала до умерена облачност и максимални 32 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи ја информира јавноста дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица.
Локално во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град.