Магазин 18. февруари 2019. / 10:06

Денеска сончево време – еве кога ќе настапи промена

Денеска сончево време – еве кога ќе настапи промена

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 12, Битола 18, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 15, Дојрам 18 степени.

И утре ќе имаме слично време, сончево со слаб јужен ветер и дневни температури од 9 во Маврово, 12 во Охрид, 16 во Скопје до 17 во Дојран.

До четврток времето ќе се задржи претежно сончево и потопло. Од петок се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.