Магазин 18. февруари 2020. / 09:43

Денеска сончево и топло, во четврток дожд и снег

Денеска сончево и топло, во четврток дожд и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури се во интервал од -4 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 11 до 19 Целзисусови степени.

Во Скопје ќе биде повремено облачно со минимлан утринска температура од – 2, а максимална од 16 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од попладне облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе се движат од -3 до 5, а максимланите од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во четврток времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Тоа ќе предизвика пад на тампературите за неколку степени. Минималните ќе се движат од 1 до 6, а максималните од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во петок, повторно ќе има благо стабилизирање на времето кое ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачат до 12 Целзиусови степени.