Магазин 15. март 2019. / 09:34

Денеска се празнува големиот Свештеномаченик Теодот Киринејски

Денеска се празнува големиот Свештеномаченик Теодот Киринејски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 март.

Денеска е Свештеномаченик Теодот Киринејски.

Во третиот век на островот Кипар дојде еден маж од Галатија (Мала Азија) и го проповедаше Христос. Неговата проповед остави силен впечаток кај мештаните. Многумина се крстија, па го избраа овој маж, по име Теодот, за епископ во градот Киринеја.

Теодот беше затворен при гонењето од страна на Ликиниј. Долго време го држеа в затвор и го ставаа на најразлични маки, сé со цел да се откаже од Христа.

Но, блажениот остануваше цврст во верата. Наскоро царот Константин го победи Ликиниј и ги ослободи сите што беа затворени само заради името христијанин. Свети Теодот се врати во својата црква, каде поживеа уште две години.