Магазин 24. јули 2020. / 09:48

Денеска прва муслиманска молитва во Аја Софија

Денеска прва муслиманска молитва во Аја Софија

Денеска во Аја Софија во Истанбул ќе се одржи првата муслиманска молитва, откако храмот повторно доби статус на џамија.

Влез во храмот ќе им биде дозволен на 500 луѓе, а паралелно на плоштадот „Султан Хамид“ ќе се одржи масовна петочна молитва.

За време на службата, христијанските обележја во Аја Софија, како што беше најавено, ќе бидат покриени со платна.