Под влијание на посвежа воздушна маса денеска и во четврток ќе се задржи променливо облачно, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за уште 3 до 4 степени во однос на вчерашната.
Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.