Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 28 степени.