Магазин 26. март 2019. / 17:11

Денеска посвежо време – еве кога ќе пораснат температурите

Денеска посвежо време – еве кога ќе пораснат температурите

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за уште 3 до 4 степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.