Магазин 06. јуни 2019. / 09:27

Денеска пороен дожд – од утре значителна промена на времето

Денеска пороен дожд – од утре значителна промена на времето

Времето во земјава ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17 степени, а дневната температура од 20 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 15, а дневната температура до 27 степени.

Од петок под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите. Локално во попладневните часови ќе има пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.