Магазин 03. август 2019. / 09:04

Денеска пеколни температури – еве кога ќе залади

Денеска пеколни температури – еве кога ќе залади

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 15 и 25, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе биде и ветровито со засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 33 степени.

Во недела ќе биде стабилно, но ветровито со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, што ќе услови опаѓање на дневната температура. Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.