Под влијание на топла и нестабилна како и влажна нестабилна воздушна маса во текот на утрешното попладне и вечер, потоа особено доцна попладне и навечер во недела како и во текот на ноќта кон понеделник се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во северната половина од државава, најави метеорологот Славчо Поповски.
Локална нестабилност се очекува и на запад. Поради загреаната атмосфера локално не се исклучува процесите да бидат и нешто поинетнзивни и во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења како и појава на град, поради ваквата ситуација, односно во случај на појава на невреме, Поповски препорачувада бидеме крајно претпазливи.
Сепак температурите на воздухот ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Топлото време како и нестабилната воздушна маса која ќе условува локална појава на пороен дожд и грмежи ќе се задржи и на почетокот од следната недела.