Магазин 07. јули 2020. / 11:13

Денеска напладне онлајн промоција на новата книга на Томислав Османли

Денеска напладне онлајн промоција на новата книга на Томислав Османли

Утре (вторник) на пладне во паркот пред Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи онлајн промоција на најновата прозна книга „Парадоксикон“ од Томислав Османли. Книгата, која го привлече
вниманието на книжевната јавност, ќе ја промовира Проф. Д-р Кристина Николовска.

Книгата што го носи необичниот наслов Авторот на „Парадоксикон“ ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување – вели
писателот и издавач Глигор Стојковски и додава Османли живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, консумеризмот…поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, на пати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на индивидуата во современото пред сѐнаше, но и универзално општество.

Промоцијата во КИЦ ќе биде проследена со музичка изведба на познатиот пијанист Глигор Гелебешев, а програмата ќе ја води Марија Богоеска. Свое обраќање ќе има и авторот Томислав Османли.