Магазин 16. ноември 2019. / 09:03

Денеска ќе биде умерено облачно, по котлините магливо

Денеска ќе биде умерено облачно, по котлините магливо

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната 12 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Под влијание на влажни бранови од понеделник до среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.