Магазин 04. ноември 2019. / 11:12

Денеска дожд, од утре нов пораст на температурите

Денеска дожд, од утре нов пораст на температурите

Под влијание на циклонот ЗЛАТКА до крајот на денов врнежи од дожд ќе имаме речиси насекаде низ државава а локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност. Најинтензивни врнежи ќе има во западната половина каде локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог, објави метеорологот Славчо Попоски.

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Под влијание на понатамошно јужно и југозападно воздушно струење од утре повторно ќе има позначителен пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, облачноста ќе се намали а врнежите ќе престанат.

Повторно повеќе облаци ќе имаме во среда кога на крајниот запад има услови за слаб локален дожд, а нов бран на врнежи се очекува во четврток особено попладне и навечер како и во петок.