Магазин 08. ноември 2019. / 14:44

Денеска астероид ќе помине блиску до Земјата

Денеска астероид ќе помине блиску до Земјата

Уште еднаш астероид пролетува брзо и блиску до Земјата, приближувајќи се на минимално растојание од 487.000 км, што е нешто повеќе од просечната орбита на Месечината.

Астероидот 2019 УМ12, кој е голем до 69 метри во дијаметар и патува со брзина од околу 50.000 километри на час, беше откриен од НАСА дури на 24 октомври. Оваа вселенска карпа никогаш досега нема поминато низ овој дел од вселената и веројатно никогаш повеќе нема да помине.

За среќа, луѓето со моќни телескопи успеаја да го снимат 2019 УМ12 во сета негова раскош. Астероидот е околу 3,7 пати поголем од вселенската карпа што помина крај Земјата на половина од лунарното растојание на 4 ноември.