Магазин 09. декември 2020. / 12:13

Денеска 16-то коло од македонската фудбалска лига, Вардар и Шкупи во „битката за Скопје“

Денеска 16-то коло од македонската фудбалска лига, Вардар и Шкупи во „битката за Скопје“

Шкупи и Вардар денеска од 13 часот на стадионот на комплексот Куќа на фудбалот во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига се соочуваат во „битката за Скопје“.

Иако Шкупи е голем фаворит, јасно е дека „вардарци“ секогаш знаат да изненадат. Токму затоа чаирчани сериозно му пристапуваат на натпреварот.

– Вардар има силен тим, ги почитуваме исто како и сите останати ривали. Со оглед на фактот дека ова е градски дерби-дуел, јасно е дека мораме да дадеме се од себе доколку сакаме да стигнеме до победата. Во добра форма сме и јасно е дека ќе одиме на три бода и против Вардар, сакаме да го продолжиме победничкиот ритам и да останеме во игра за највисок пласман. Затоа, многу важно е утре да стигнеме до трите бода, вели најдобриот фудбалер на чаирчани, Дембо Дарбо, кој во последните две прволигашки кола постигна пет погодоци (два со Беласица и три против Пелистер).

Шкендија, пак, на домашен терен ја пречекува Беласица атакувајќи, без сомнение, на нови три бода.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА

Табелата на македонската прва фудбалска лига може да ја погледнете тука.