Магазин 17. мај 2019. / 10:08

Денес дожд, од утре пресврт на времето

Денес дожд, од утре пресврт на времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло. Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.