Магазин 25. јануари 2019. / 15:03

Дел од Куманово за викендов без вода

Дел од Куманово за викендов без вода

Јавното претпријатие „Водовод” – Куманово, од утре почнува со вградување на нова мерна опрема и замена на стари затворачи со нови во филтер станицата.

Поради поставувањето на опремата, од утре, во вечерните часови од сабота кон недела, времено ќе биде затворена водата за ниската и средната водоводна зона во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Поради вградување на мерна опрема и замена на стари затворачи со нови, во кругот на Фабрика, за преработка на вода за пиење – филтер станица, утре во вечерните часови, со почеток од 23.00 часот времено ќе биде затворена вода за ниската и средната водоводна зона во градот Куманово.

– Во повисоките делови, на ниската и средната водоводна зона во градот, ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот во водоводната мрежа. Во високата водоводна зона, водоснабдувањето ќе биде нормално-информираа од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово.

Предвидените активности се планира да бидат завршени во најкраток рок при што водоснабдувањето ќе биде нормализирано во тек на раните утрински часови во недела, се вели во соопштението на РЦУК Куманово. /МИА