Српскиот голман од редовите на Вардар, Дејан Милосављев со емотивна порака се прости од европскиот првак од Скопје.
Тој својата кариера ќе ја продолжи во германскиот клуб Фиксе Берлин, а преку социјалните мрежи се заблагодари за времето поминато во клубот од Скопје.
– Година дена која не се опишува во мојот живот во еден од најголемите светски клубови. Благодарам.
Вардаре, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која многу даде и направи од мене тоа што сум во моментов. Благодарам на сите луѓе кои направија да се чувствувам убаво и да сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам целата среќа на светов. – напиша Милосављев.