Познатиот српски режисер и стилист Дејан Милиќевиќ со недели се бори со корона вирусот.
Како што вели тој самиот, состојбата му била толку лоша, што во еден момент неговиот живот висел на конец.
Веќе две недели сум во болница. Одвај останав жив. Корона и воспаление на двете белодробни крила. Сега е малку подобро и за седум дена јас излегувам… Може да му се случи на секого. Само оптимизам. Апел до луѓето да не се залажуваат со излегување ноќе и со лудување по сплавовите, затоа што вирусот е насекаде. Јас го „закачив“ од другарка која ме избакна после долго невидување (класична српска работа), а таа немаше поим дека го има вирусот. Беше ужасно, две недели температура и кислород, но благодарение на стручните лекари и медицинските сестри, мојот живот е спасен. Дури сега претстои закрепнување и доведување во ред. Никаде без маска и нема повеќе нашите српски честитки и бакнувања – додал тој.
Ова не е прв сериозен здравствен проблем за Милиќевиќ, кој во 2018 година преживеа мозочен удар, а три години претхоно ја оперира простатата.