Магазин 10. јули 2020. / 17:51

Дарко Рундек со концерт во Антички театар во Охрид

Дарко Рундек со концерт во Антички театар во Охрид

После концертот на Амира Медуњанин, кој Авалон продукција го најави за 09-ти август во Античкиот театар во Охрид, а се дел од најавата за враќање на концертите во Македонија, го најавија и концертот на Darko Rundek во Античкиот театар во Охрид на 15-ти август. Дарко Рундек со својата екипа како што кажаа од Авалон е нивниот втор проект на Античкиот театар во Охрид ова лето.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава“, сооптија од Авалон.

Инаку Дарко Рундек е роден на 30 јануари 1956 година. Тој е хрватски рок-пејач, текстописец, поет и актер. Неговата музичка кариера започна во раните 80-ти, бидејќи фронтменот на светската музика влијаеше на рок-групата Хаустор. Тој емигрираше во Франција по започнувањето на Балканската војна во 1991 година и има снимено пет албуми со различни музичари од различни делови на светот.