Магазин 07. јануари 2020. / 22:26

Дарко Ковачевиќ е застрелан во Атина и се бори за својот живот

Дарко Ковачевиќ е застрелан во Атина и се бори за својот живот

Легендарниот српски напаѓач и доскорешен директор на Фудбалската федерација на Србија, Дарко Ковачевиќ е застрелан во Грција и е итно пренесен во болница.

Грчките медиуми пишуваат дека непознати лица пукале кон Ковачевиќ во предградието Гилфада. Кон некогашниот играч било пукано од мало возило, куршумите завршиле во неговата нога, а инцидентот се случил на околу 500 метри од неговиот дом.

„Протетема“ пишува дека Ковачевиќ паднал на земја откако бил застрелан, а амбулантно возило пристигнало на местото и Србинот бил итно пренесен во болница.

Возилото во кое биле напаѓачите било пронајдено од полицијата, целосно опожарено, близу некогашниот аеродром во Гилфада.