Магазин 14. јануари 2020. / 23:45

Дали Меган ќе се збогати на сметка на кралското семејство?

Дали Меган ќе се збогати на сметка на кралското семејство?

Многу теории се вртат околу заминувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган од британското кралско семејство.

Едната теорија, според британските медиуми, е резултат на нејзиниот внимателен и добро осмислен план да се збогати на сметка на кралското семејство.

Аргументите на другата страна се, меѓу другото, дека Војвотката од Сасекс се откажала од буквално целото нејзино семејство, освен нејзината мајка и дека сите нејзини блиски пријатели велат дека таа целосно им го свртила грбот кога се запознала со Хари.

Нејзиното лицемерие може да се види, велат тие, во многу мали нешта што би можеле да поминат незабележани сами од себе, а заедно даваат многу поширока слика за тоа која навистина е Меган Маркл, пренесува ,,Дејли Меил”.

Јавноста сè уште се сеќава на потезите на Меган и Хари кои организираа бебешка забава од 500 000 долари во Њујорк, истиот ден кога следбениците на Твитер ги замолија да им помогнат на сиромашните.

Хари и Меган постојано ја повикуваат јавноста и луѓето да се обидат да го намалат влијанието врз загадувањето на животната средина, додека редовно се качуваат во приватни авиони, претежно на Елтон Џон и на Џорџ Клуни.

Сето ова, голем дел од британската јавност верува, е внимателно испланирано од Меган.

“Секако никој во кралското семејство дури и не се посомневал дека тоа се случува. Ретко кој сфатил дека Меган е исто толку сурова и способна”, коментираат познавачите на состојбите во семејството.

И Меган, велат тие, нашла начин легално да заработува пари преку кралското семејство. Нејзин клуч за тоа е нејзината фирма за односи со јавноста, Sunshine Sachs.

Без разлика дали Хари е дел од неа или не, агенцијата е на нејзино име, како што е и името на нивниот син Арчи. Агенцијата работи одлично благодарение на имиџот на Војвотката од Сасекс што таа беше во можност да го изгради, а Меган неодамна започна проект за прибирање на средства за добротворни цели Сасекс Ројал.

Сепак, Меган пронашла дупка во системот и ја регистрирала агенцијата во Америка, и така многу малку од собраните пари всушност мора да одат во добротворни цели – остатокот, без никакви правни последици, таа може да си ги задржи.

“Меган не крие дека отсекогаш сонувала да се омажи за принц. За среќа на британската нација, таа не се насочи кон Вилијам, кој знаеше кои се неговите должности. Наместо тоа, таа се фати за помладиот принц. Жал ми е, затоа што кога Меган целосно ги исцеди сите можни придобивки , ќе го отфрли.”

А, што се однесува до специфичните деловни потези, првата работа на Меган Маркл е веќе позната – таа има потпишано договор со филмската компанија Дизни. Покрај тоа, има многу повеќе опции, барем така велат експертите за односи со јавност.

Рон Торосен од њујоршката агенција ПР изјави дека можностите се бесконечни кога станува збор за нив двајцата.

“Без оглед на брендот, соработката или кој било друг вид на договор, Меган и Хари сигурно месечно прават милиони. За нив, небото е граница. Хари досега се спречуваше поради неговата улога во кралското семејство да заработува пари како славна личност”, изјави Рон Торосен од њујоршката ПР агенција.

Ејмс Хендерсон, експерт за односи со јавноста, кој ги советуваше Мадона и Наоми Кембел, изјави дека Меган може да има најголем успех со линија за козметика.

„Да започне со тоа, најдобро решение би било да се добие шоу за да се доближи до американската публика. Таа е убава, талентирана и елоквентна жена. Во моментов, најплатеното семејство на светот, Кардашијан заработуваат околу милијарда долари годишно, Хари и Меган лесно можат да го сторат истото “, изјави Хендерсон за „Дејли меил “.