Колку повеќе луѓе се инфицираат со новиот корона вирус толку повеќе прашања се јавуваат. Што пак епидемијата трае подолго, толку повеќе дезинформации се шират преку интернет, па многумина не ги добиваат вистинските одговори на своите прашања.
Италијанскиот виролог, Фабрицио Преглиаско од Институтот Галеази во Милано тврди дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мал.
-Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот, вели тој.
Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: „дезинфекцијата мора да се изврши првалино и внимателно“, вели тој.
-Но, не можеме се да дезинфицираме, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста.