Магазин 23. февруари 2021. / 09:04

„Дафт Панк“ се распушти по 28 години успешна кариера

„Дафт Панк“ се распушти по 28 години успешна кариера

Францускиот бенд за електронска музика „Дафт Панк“ објави дека повеќе не постои. Со тоа заврши 28-годишната соработка што им донесе хитови на обожавателите како „Around the World” и „One More Time” и „Get Lucky“ со Фарел Вилијамс.

Групата од Париз, позната по тоа што луѓето на видеоспотовите и настапите се облекуваа во робот-костуми и метални кациги, на својот Јутјуб-канал објави видео со наслов „Епилог“ и симболична порака: 1993-2021. Списанието „Варајети“ ја цитираше издавачката Кетрин Фрејзер, дека распуштањето било неминовно, без да даде повеќе подробности.

„Дафт панк“ беше составен од дуо Томас Бангалтер и Жи-Мануел де Омем-Кристо од Франција – парижани, другари од училиште. Тие се појавија на големата музичка сцена 2008 година, кога нивната песна „Harder Better Faster Stronger“ беше номинирана за Греми награда за најдобра песна.