Магазин 10. јуни 2020. / 11:48

Да се внимава на канцелариите при враќање на работа: Непроветрени простории се опасност за зараза

Да се внимава на канцелариите при враќање на работа: Непроветрени простории се опасност за зараза

Научниците сметаат дека постои голема опасност за зараза со корона вирусот со престој во затворени, непроветрени простории со многу луѓе. А канцелариите се токму такви, па треба да се обрнува посебно внимание на заштитата на вработените при враќањето на работа.

Што се однесува до надворешните активности, да пешачите и трчате по кеј или да возите велосипед во парк (секако, одржувајќи дистанца од 2 метри од другите) не е толку ризично и дури и СЗО ги препорачува активностите, сè додека се придржувате до мерките за заштита, одржувате дистанца од другите, ги миете рацете пред и по излегување темелно и не го допирате лицето во меѓувреме.

Кога би се направило споредба, побезбедно е да излезете сами да пешачите одржувајќи дистанца, отколку да работите во канцеларија затворени со десетици луѓе.

Неодамна во еден кол центар во Сеул, Јужна Кореја речиси половина од вработените на еден кат се инфицирале од корона. Речиси сите заразени седеле во иста просторија.

Токму овој факт го прави враќањето во канцелариите предизвикувачко и застрашувачко доколку не се почитуваат мерките за заштита.

Затоа е важно да се почитуваат мерките за превенција, од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот.