Магазин 01. август 2020. / 16:17

Д-р Никола Пановски: Да не се носат нелогични протоколи, подбро е плажите да се затворени отколку да се носат маски

Д-р Никола Пановски: Да не се носат нелогични протоколи, подбро е плажите да се затворени отколку да се носат маски

Речиси и да нема плажа во светов каде се почитува носењето маски, такви се снимките од Ница, Кан и други места.

Оттука дилемата колку е изводливо и можно да се носат маски во вода и на плажа.

Полицијата во Охрид од 28 до 30 јули по плажите на охридското крајбрежје изрекла 216 казни заради неносење маска.

Професорот по микробиологија на Медицинскиот факултет во Скопје д-р Никола Пановски вели да не се носат нелогични протоколи, подбро е плажите да се затворени отколку да се носат маски.