Магазин 03. јули 2020. / 10:31

Д-р Балески: Во охридската болница се хоспитализирани 18 пациенти позитивни на коронавирус

Д-р Балески: Во охридската болница се хоспитализирани 18 пациенти позитивни на коронавирус

На Инфективното одделение во охридската Општа болница се хоспитализирани 18 пациенти позитивни на коронавирус, информира за Супер радио и OhridPress директорот д-р Горан Балески.

Капацитетот на легла на Инфективното одделение е 18, а со преадаптација и на други одделенија се овозможи во болницата да може да се примат 25 пациенти.

Моментално на Инфективното одделение имаме 18 пациенти позитивни на вирусот, шест пациенти се на кислородна поддршка. Имаме и 6 суспектни, односно сомнителни пациенти кои се згрижени на Геријатрија и за кои се обезбедени посебни услови согласно протоколите и насоките кои ни се дадени, вели д-р Балески.

Според статистиката моментално во Охрид има 144 пациенти активни на коронавирус. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 168 заразени лица, четворица починаа, а 20 се излекувани. Со ова Охрид ја надмина Струга и е петто место во државава по бројот на активни пациенти.