Бурата околу неодиграниот меч меѓу Црвена Звезда и Будуќност во рамките на АБА-лига не стивнува. Челниците на јадранското натпреварување го казнија српскиот тим поради неодигрување на дуелот во „Морача“, го регистрира во корист на домаќинот, на „црвено-белите“ ќе им одземе бод и притоа ќе треба да платат 20.000 евра.
Според првите луѓе на Црвена одлуката е контрадикторна и истата се базира на записникот на делегатот на мечот. Тие бараат преигрување на натпреварот, во спротивно ќе значи крај на АБА-лига. “