Рибарот Бранко Драгишиќ од Будва кој ја сними сината ајкула на пет километри од брегот на Будва, сними и риба од видот голем буцањ.
Рибата е ретка и најголема риба од овој вид, снимена е на 10-на километри од брегот на Будва, а може да порасне и преку 3 метри во должина и да тежи преку 2 тони, пренесуваат подгоричкиот портал Вијести.
Истиот рибар во саботата сними сина ајкула, која се смета за загрозен и заштитен вид која најчесто не е опасна по луѓето.