Магазин 05. септември 2019. / 13:26

Циклонот Викторија од утре носи пороен дожд и грмежи

Циклонот Викторија од утре носи пороен дожд и грмежи

Од утре, па за време на викендот нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп со циклонот Викторија и ќе условува развој на нестабилна облачност и тоа особено во попладневните часови.

Истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најмногу нестабилност и врнежи ќе има во сабота и тоа во најголем дел од денот и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.