Магазин 04. март 2019. / 11:39

Чупиќ: Останувам во Вардар уште неколку години

Чупиќ: Останувам во Вардар уште неколку години

Ракометарите на Вардар го добија ППД Загреб за противник во осминафиналето во Лигата на шампионите. Еден од искусните хрватски интернационалци во дресот на „црвено-црните”, Иван Чупиќ, за хрватските весници подели свои впечатоци за престојот во Скопје.

-Македонците се топол народ. Менталитетот е многу близок на нашиот, убава клима како кај мене доле на море. Има многу сонце. Би грешел душа ако речам дека не ми е добро. Навистина се гледам овде барем уште неколку години- вели Чупиќ за престојот во Вардар.

Иако Хрватите би го виделе повторно во репрезентацијата, тој вели дека засега репрезентацијата за него е завршена приказна.