Магазин 17. февруари 2021. / 15:19

Чупиќ: Нема време за плачење, мора да играме подобро од првиот натпревар

Чупиќ: Нема време за плачење, мора да играме подобро од првиот натпревар

Ракометарите на Вардар утревечер (18.45) ги очекува нова пресметка со Пик Сегед во Лигата на шампионите. Унгарскиот тим славеше изминатата недела, а еден од најискусните ракометари на „црвено-црните“ Иван Чупиќ се надева дека нема да се повторат грешките од натпреварот во Скопје иако е свесен дека е тешко да се игра на теренот на противникот.

– Првиот натпревар пред неколку дена беше неизвесен, имавме предност во завршницата, но направивме глупости и промашивме зицери. Нашиот противник е квалитетен и тоа го искористи максимално. Знаеме дека е тешко да се игра во Сегедин. Нема многу време за плачење и за подготовка. Го почитуваме ПИК Сегед, но ние сакаме да играме подобро од Скопје. Очекуваме да ги задоволиме очекувањата на нашите навивачи, вели Чупиќ.