Магазин 03. јануари 2021. / 19:37

Чудните навики на Никола Тесла поради кои е наречен „луд научник“

Чудните навики на Никола Тесла поради кои е наречен „луд научник“

Покрај неговата генијалност, која никој не може да ја оспори, Никола Тесла имал многу специфични навики што другите не ги разбирале па често го нарекувале „луд научник“.

Дали сте знаеле дека му се лошело кога ќе види кајсија? Или дека кога ќе седнел да руча, тој прво го пресметувал волуменот на чинијата, чашата или садот во главата па потоа почнувал да јаде?

Кога ќе почнел да чита некоја книга, потоа посегнувал по сите останати дела од истиот автор.

Тесла имал пречувствителен вид и слух, па честопати имал големи проблеми кога во собата ќе почне да му зуи некој инсект како комарец или мува.

Тој бил левак, но со текот на времето успеал да ја истренира и десната рака, па често ги користел двете раце наизменично.

Имал навика да си ги брои своите чекори, ја пресметувал оддалеченоста на објектот или зградата од себе, а потоа и времето и неговата просечна брзина.

Овој научник обожавал гулаби, па дури имал и импровизирана амбуланта на прозорецот од неговата соба, во случај да долета некој повреден гулаб.

Тој не можел да гледа жени со обетки, а за фризурите кои биле модерни и актуелни во неговото време сметал дека се бизарни.

Интересен е фактот дека Никола Тесла бил опседнат со бројот 3 – секогаш користел три салфетки!