Магазин 06. февруари 2020. / 15:40

Четирикратна светска шампионка во гимнастика сакала да се самоубие

Четирикратна светска шампионка во гимнастика сакала да се самоубие

Четирикратната светска шампионка во гимнастика, Александра Солдатова, се обидела да си го одземе животот, но била спасена од страна на лекарите, информираат бројни руски медиуми.

Солдатова била примена во клиниката со пресечени вени, но докторите со благовремена интервенција успеале да го спасат нејзиниот живот.

На 5 февруари 21-годипната Александра Солдатова е примена во клиника, со телесни повреди за кои е утврдено дека имаат врска со обид за самоубиство. Исто така, дијагностицирано е дека девојката боледува од булимија. Во овој момент пациентката се уште не е испитувана и не се познати околностите на здобиените повреди, е наведено во соопштението од клиниката во Москва, набрзо по лекарската интервеција врз гимнастичарката.