Магазин 02. февруари 2020. / 19:12

Червар: Судии ми кажаа дека сме ограбени, а сите велат дека Лино пак кука

Червар: Судии ми кажаа дека сме ограбени, а сите велат дека Лино пак кука

Лино Червар никако да се помири со загубеното финале на ЕП 2020 и продолжи да пука со „отровни стрели“ кон македонските судии Начевски и Николов.

Трофејниот стратег смета дека Хрватска е ограбена и останува на истиот став што беше и претходно, а вели дека има поддршка и од пријателите.

Знам дека сите ќе кажат дека еве го Лино, пак кука и се жали, на сите им оди на нерви, но се молам да бидам уверен дека грешам. По два дена од финалето ми се јавија пријатели кои се судии, кои суделе важни натпревари, ми се јавија и ми рекоа „Лино, погледни го видеото затоа што не сме сигурни дека во финалето беше се како што треба да биде“. Секако дека поради фер-плеј не можам да ги откријам нивните имиња. Го гледав видеото, се уверив дека не беше се коректно. Можам да кажам дека сме оштетени, дека се сомневам во лоши намери и дека нема смисла. Сепак, тоа беше финале. ЕХФ наместо да не заштити, тој не казнува. Само сакам да се огласат на таа тема, изјави Червар.