Магазин 22. јануари 2019. / 15:24

Червар: Досега ни имаат украдено три злата!

Червар: Досега ни имаат украдено три злата!

Ниту ден по болниот пораз на Хрватска од Германија во рамки од Светското ракометно првенство, Лино Червар не го менува своето мислење за дуелот во Келн.

Искусниот стратег и синоќа и денес тврди дека Хрватска е длабоко оштетена и неправедно е поразена од домаќинот (22-21), по што „коцкесите“ доживеаја елиминација и останаа без шанси за полуфинале.

-Украдени сме! Одлуките на судиите беа неверојатни. И Германците го признаа тоа. Не можев да спијам, не само јас туку и играчите. Минавме низ тешки моменти. Останавме без клучни ракометари, па дојде поразот од Бразил, а на крај да загубиме на ваков неспортски начин од Германија. Ова не е првпат Хрватска да биде вака оштетена на едно големо натпреварување. Досега ни се одземени три златни медали (во финалето на ЕП 2008, на СП во Хрватска во 2009 и на ЕП во Австрија 2010)- во еден здив изјави Червар.

„Коцкестите“ денес имаат слободен ден, а утре го играат последниот натпревар од главната фаза против светскиот шампион Франција