Синоќа со задолжително носење маски, ограничен број влезници во Пациото на Заводот и Музеј во Битола, започна годинешното 14-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест-музика и традиција 2020“.
На првата фестивалска вечер настапи “Чалгија саунд систем“, а карактеристично е тоа што оваа група настапи и на првиот фестивал “Локум фест“ пред 14 години.
Годинава “Локум фест“ за прв пат се оддржува надвор од старата чаршија во Битола, но сепак во културно историско место – Пациото на Завод и музеј, а а фестивалот останува доследен во својата мисија да промовира македонска музика и музичари.
Денес на програмата е настапот на групата “Балкава“, а утре на затворањето на фестивалот е “Љубојна“.