Магазин 15. мај 2020. / 23:08

Церемонијата за прием на Горан Иванишевиќ во Куќата на славните е откажана

Церемонијата за прием на Горан Иванишевиќ во Куќата на славните е откажана

Прославениот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ ќе мора уште да почека да стане првиот Хрват кој ќе биде примен во Меѓународната тениска куќа на славните со оглед на тоа дека свеченоста по повод приемот, која требаше да се одржи на 18 јуни во САД, откажана е поради корона вирусот.

Од управата на Меѓународнат тениска куќа на славните стигна известување дека церемонијата се одложува за догодина.

– Веста дека сум примен во Куќата на славните беше големо изненадување и чест за мене. Со радост ќе ја чекам следната година и церемонијата со оглед на тоа што во овој момент здравјето е најважната работа, изјави Иванишевиќ за официјалниот сајт на Куќата.

На свеченоста требаше да биде вклучена и шпанската тенисерка Кончита Мартинез.