Магазин 20. ноември 2019. / 09:32

Цел ден ќе биде врнежливо

Цел ден ќе  биде врнежливо

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.

Утринската температура се движи од шест до 14 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура достигнa до 10 степени, а дневната температура до 15  Целзиусови степени.