Магазин 17. јули 2020. / 19:13

Бугарот Георгиев се откажа од купување на ФК Вардар

Бугарот Георгиев се откажа од купување на ФК Вардар

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев и дефинитивно се откажа од можноста да го превземе фудбалскиот клуб Вардар, објави Вардар Фанс.

Иако постоеше интерес од страна на Георгиев веќе долго време, сепак, на крајот од ова нема ништо бидејќи денеска е соопштено дека поранешниот бугарски фудбалер се повлекува.

Според информациите на ,,Вардар Фанс”, во игра заедно со Георгиев да го превземат ФК Вардар беа и тројца некогашни репрезентативци на Македонија, од кои двајца беа и поранешни фудбалер на ФК Вардар, како и двајца луѓе од Бугарија.

Од денес и фудбалерите на ФК Вардар се слободни агенти. Што ќе се случува со судбината на клубот е крајно алармантно и неизвесно. Во игра се најлошите сценарија…