Магазин 08. септември 2020. / 22:15

Бугарија и Романија со најниски цени на алкохолот во ЕУ во 2019 година

Бугарија и Романија со најниски цени на алкохолот во ЕУ во 2019 година

Бугарија и Романија се земји-членки на Европската унија со најниски цени на алкохолните пијалоци.

Ова е според податоците од анализата на Европскиот завод за статистика Евростат за 2019 година.

Цените на алкохолот и цигарите во Бугарија се за 38 проценти пониски во споредба со просекот на ЕУ, а во Романија – за скоро 25 проценти.

Во исто време, алкохолите, пивото и виното се најскапи во Финска и Ирска.

Податоците на Евростат исто така покажуваат дека цените на храната во Бугарија биле за 23 проценти пониски од нивото на Централна Европа во 2019 година.