Магазин 27. јули 2020. / 10:29

Буфон стана рекордер по освоени „Скудета“

Буфон стана рекордер по освоени „Скудета“

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон стана првиот фудбалер со десет шампионски титули во Италијанското првенство.

Четириесет и двегодишниот Буфон до десеттиот шампионски трофеј со Јувентус стигна по триумфот над Сампдорија со 2:0.

На второто место на оваа листа се одбранбените играчи на Јувентус, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, кои имаат по девет „Скудета“.

Киелини, како и Буфон, имаат титули само со Јувентус, додека Бонучи има еден шампионски трофеј како член на Интер