Магазин 09. јули 2020. / 17:20

Буфон се подготвува да биде нов тренер на Јувентус?!

Буфон се подготвува да биде нов тренер на Јувентус?!

Силвано Мартина, агентот на голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, изрази мислење дека неговиот клиент во иднина може многу успешно да ја извршува тренерската работа.

Според мое мислење, тој треба да стане тренер. Го разбира фудбалот. Џанлуиџи има искуство во управувањето со која било улога во соблекувалната. Што се однесува до Јувентус, мислам дека тој би можел да го води овој клуб. Разликата меѓу него и другите голмани е во тоа што Буфон прави сè да биде лесно. Тој го има овој дар на природата. Многу е талентиран – смета Мартина.

Моменталниот договор на 42-годишниот Италијанец со клубот од Торино истекува во летото 2021 година