Магазин 04. јули 2019. / 18:07

Буфон повторно меѓу „старите“ стативи

Буфон повторно меѓу „старите“ стативи

Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон повторно се враќа дома после кратката авантура во ПСЖ.

41-годишниот Буфон се врати во Јувентус каде што ќе потпише договор на уште една година после што ќе следи превземање на некоја директорска функција.

И покрај враќањето на Буфон, прв голман на Јувентус и наредната сезона ќе биде Шчесни.

Според новиот договор Буфон ќе заработува 1,5 милиони евра, а во договорот има клаузула да одигра најмалку 8 меча во Серија А, со што ќе го собори рекордот на Малдини.