Магазин 12. јуни 2020. / 09:03

Британската кралица Елизабета втора, прв пат на видео конференција

Британската кралица Елизабета втора, прв пат на видео конференција

Британската кралица Елизабета Втора (94) учествуваше на нејзината прва јавна видео конференција, разговарајќи со четворица старатели кои се грижат за другите за време на пандемија.

Бакингемската палата денес објави дека во тој видео разговор, спроведен пред една недела, кралицата „повторно покажала дека вешто користи нова технологија“.

Кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) веќе три месеци се наоѓаат во изолација во замокот Виндзор.

Причината за видео конференцијата беше британската „Недела на негуватели“. Се проценува дека седум милиони луѓе низ Велика Британија се грижат за член на семејство или пријател бесплатно. Повеќето немаат претходно искуство, но го прават тоа од желба да помогнат.

На кралицата на видео конфекецијата се придружила и нејзината ќерка, принцезата Ана (69), која е претседател на здружението на негователи (Carers Trust).

Други членови на кралското семејство, вклучувајќи го и наследникот на престолот, принцот Чарлс (71) и неговиот син принцот Вилијам (37), учествуваа на многу видео конференции на пандемијата во последните неколку месеци.