Селекторот Данило Брестовац вели дека Македонија комплетно подготвена и како благ фаворит влегува во Европското првенство и стартниот меч во Украина и дека верува во победнички старт.
Одиме на победа на првиот меч. Одиме да одиграме квалитетен натпревар, мислам дека сме подготвени, мислам дека можеме, мислам дека имаме подготвени варијанти за се што може тие да ни понудат како селекција. Но, одиме чекор по чекор. Се надевам на успешен старт. Очекувам целата екипа да биде како што треба, очекувам индивидуални квалитети, групна тактика, добра, квалитетно спроведена на терен, борба во одбрана максимална, со поостра игра. Ни недостасува Велко Маркоски, тоа е факт, од тоа нема бегање, но и претходно сме играле без него, а сме ’затвориле’ без проблем… Имаме супер селекција за одличен старт и за први бодови во групата, вели селекторот.